Вкупната вредност на задолжителните пензиски фондови на крајот на минатата година достигна 21 милијарда денари (340 милиони евра), а на доброволните 190 милиони денари (3,1 милион евра), информира. Според претседателот на советот на експерти на Агенцијата за супервизија на капитално финансисрано осигурување (МАПАС) Булент Дервиши бројот на членови и распределени осигуреници во вториот столб на крајот на 2012. достигнал 323.000, или за 9% повеќе во однос на 2011, а уплатени се придонеси во износ од околу 4 милијарди денари. На крајот на 2012 година, како резултат на работењето на задолжителните пензиски фондови во периодот од претходните три години е остварен просечен пондериран принос од околу 5,81% на годишно ниво. Кај третиот столб, како што рече, има особен интерес за професионалните пензиски шеми. Од вкупниот број членови на третиот столб, кој на крајот на 2012 година изнесува 16.800 членови, 74 % се учесници во професионални пензиски шеми, а останатите 26 % се индивидуални членови.
Вкупната вредност на задолжителните пензиски фондови на крајот на минатата година достигна 21 милијарда денари (340 милиони евра), а на доброволните 190 милиони денари (3,1 милион евра), информира.
Според претседателот на советот на експерти на Агенцијата за супервизија на капитално финансисрано осигурување (МАПАС) Булент Дервиши бројот на членови и распределени осигуреници во вториот столб на крајот на 2012. достигнал 323.000, или за 9% повеќе во однос на 2011, а уплатени се придонеси во износ од околу 4 милијарди денари.
- На крајот на 2012 година, како резултат на работењето на задолжителните пензиски фондови во периодот од претходните три години е остварен просечен пондериран принос од околу 5,81% на годишно ниво - вели Дервиши.
Кај третиот столб, како што рече, има особен интерес за професионалните пензиски шеми. Од вкупниот број членови на третиот столб, кој на крајот на 2012 година изнесува 16.800 членови, 74 % се учесници во професионални пензиски шеми, а останатите 26 % се индивидуални членови. Остварениот принос од работењето на доброволните пензиски фондови, како резултат на нивното работење за претходните три години, на годишно ниво изнесува од 4,83% до 5,93%.